среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нова љубов со посебен маж: По лошата разделба со сопругот и битката за синовите, Тања конечно е среќна

Нова љубов со посебен маж: По лошата разделба со сопругот и битката за синовите, Тања конечно е среќна

Пејачката Тања Савиќ во последните неколку години има многу проблеми со љубовниот живот. Таа се раздели од сопругот Душан Јованчевиќ, но разделбата не помина така лесно.

Имаше вистинска борба за синовите, но сега полека се си доаѓа на свое место. Според извори блиски до пејачката, Тања сега е повторно заљубена, среќна и исполнета.

-Тања не сака да зборува за своето момче и за нејзиниот љубовен живот воопшто. Пред три месеци започнала врска со бизнисмен од Смедерево кого пријателите го нарекуваат Лола. Пред една година тој се разведе, има ќерка тинејџерка и неодамна ја запозна Тања. Тој и посветува многу внимание, но и разбирање. Тој се сретнал и со семејството на Тања, кои се воодушевени од него. Има 40 години, навистина се заљубил во Тања и сака да изгради нешто сериозно со неа. Тие двајца се познаваат повеќе од десет години, но до сега никогаш немале никаков интимен контакт, рекол добро информиран извор и додал:

„Тој и Тања се сретнаа роденденска забава на заеднички пријател и цела ноќ ја поминале во муабет. Размениле броеви и тој тргнал во акција. По една недела ја поканил Тања на вечера и почнале врска. Многу и значи тоа што конечно е среќна во љубовта, бидејќи по сета агонија со Душан, а потоа и со Драшко Станивуковиќ, сега е мирна и спокојна. Синовите се постојано со Тања, па многу време поминуваат и со Лола, кого го обожаваат. Засега, колку што знам, тој и Тања не живеат заедно, но не би ме чудело ако наскоро започнат заеднички живот. Има сериозна работа и не сака да се изложува на медиумите“ – изјавил изворот.

Најнови вести