Докажаниот македонски интерпретатор Орце Стевковски-Царот емотивно се прости од својата мајка на социјалните мрежи.
„Почивај во мир, мајко моја мила. Нека ти е лесна земјата. Денес од моите раце го касна последниот залак леб, те гушкав, те милував и го слушав последниот здив. Почивај во мир! До последен миг делеше со своите чеда, се гордеам што ме роди, се гордеам што секогаш беше силна и не делеше никој од твоето срце. Нека ти е вечна слава, мајко моја мила“, напиша Стевковски на „Фејсбук“.
Орце Стевковски е со години дел од домашната музичка сцена и се прослави со патриотски рефрени. „Убава Калина“, „Царот Неготински“, „Пукнала мајко треснала“, „Глас се слуша, плач и лелек“, „Се заљубив на стари години“ и „Од кај дојдовте“ се песните кои кај секој Македонец будат убави чувства.
Веќе три децении е во брак со популарната Драгче најпозната по ТВ-проектот „Патот на светлината“. Плод на нивната љубов се ќерките Ангелина и Александра, а најголема радост им се петте внучиња.