петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Одмаздата се служи ладна: Џоли го продаде тоа што на Бред Пит му е многу важно!

Одмаздата се служи ладна: Џоли го продаде тоа што на Бред Пит му е многу важно!

Актерката Анџелина Џоли (46) ги продала своите 50 отсто од акциите во „Château Miraval“ без договор со поранешниот сопруг Бред Пит (57).

Откако одлучиле да се разведат, поранешните сопружници водат судска битка која трае уште од 2016-та година, а која според моменталниот развој на настаните, нема скоро да заврши.

Анџелина со новиот потег дополнително ја искомплицирала ситуацијата, откако својот дел од 50 отсто од винаријата која се наоѓа во рамки на истоимениот дворец – ја продала.

Имотот се проценува на речиси 164 милиони долари, а интересно е дека поранешните сопружници таму се венчале, а потоа и некое време живееле со своите деца, пренесува „Дејли мејл“.

Светските медиуми пренесуваат дека актерката сака да се ослободи од поранешниот сопруг и од профитабилниот бизнис, но и да го спречи да заработи пари, со тоа што ќе го продаде споменатиот замок.

Бред ја обвинил Анџелина дека се обидела да го продаде својот дел од 50 отсто без негово знаење и без да му понуди право на откуп, со што би бил 100 процентен сопственик на имотот, а наводно покренал и правни чекори во Луксембург, кои на крајот биле неуспешни.

Анџелина на тој начин успеала да му се одмазди на Бред кој не се откажува од тешката битка за старателство над нивните шест деца, а актерката неодамна ја открила и причината за разводот.

Во последно време се зборува дека актерката е во врска со пејачот Д Викенд, а нивната наводна романса ја изненади јавноста.

Најнови вести