вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТЕСТАМЕНТОТ НА МРКА: Сè отиде кај неговата сопруга, а еве што доби Ана Бекута

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТЕСТАМЕНТОТ НА МРКА: Сè отиде кај неговата сопруга, а еве што доби Ана Бекута

Во недела на 27-ми ноември ќе се одбележи една година од смртта на Милутин Мркоњиќ (80), поранешен министер за инфраструктура и транспорт во Србија и долгогодишен партнер на Ана Бекута.

Иако медиумите со месеци шпекулираа за оставинското рочиште за наследството на Мркоњиќ, тоа всушност не се одржа.

-Главната конфузија настана затоа што Мркоњиќ никогаш не се разведе законски од сопругата Даша, иако не живееја заедно повеќе од 10 години, што не го криеја, а политичарот јавно се забавуваше и живееше во вонбрачна заедница со пејачката Ана Бекута. Сите се прашуваа како е решено прашањето за наследството на Мрка и кога ќе се одржи оставинското рочиште. Но, немало никаков разговор за наследството, бидејќи според законот, сè и припаднало на неговата сопруга Даша, како единствен законски наследник, бидејќи таа и Мрка немале деца. Меѓу другото има и стан на улицата Крунска и автомобил „мерцедес С 500 л“, како и пензијата на политичарот која изнесувала околу 90.000 динари. Ана Бекута ова не го оспори и остана во пентхаусот во Врачар, каде што живееше со него, вели добро упатен извор и додава:

„Даша започна со реновирање на станот во улицата Крунска и моментално издава уште еден стан. Не се знае што се случило со остатокот од имотот на Мрка и потенцијалните заштеди, а доколку имало, според законот, сè отишло кај Даша“ – вели изворот.

Панихидата за Милутин Мркоњиќ ќе се одржи в сабота во 11 часот на Новите гробишта, во Алејата на заслужните граѓани, каде што беше погребан Мркоњиќ. На шестмесечната комеморација, покрај многуте партиски другари и почитувачи на неговиот лик и дело, се појави и Ана Бекута, но не и неговата сопруга Даша, која тогаш имаше здравствени проблеми. Од друга страна, Ана неутешно застана со внуците до вечната куќа на Мрка, а кога сите си заминаа, таа се приближи до споменикот и неколку минути шепотеше нешто над гробот.

FOTO: PINK.RS/P. RADOSAVLJEVIĆ, TANJUG/DRAGAN KUJUNDŽIĆ

Најнови вести