петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ова дефинитивно никој не го очекуваше: Ким Кардашијан тргнува по стапките на својот татко со надеж дека луѓето ќе ја сфатат посериозно – „Ќе станам адвокатка!“

Ова дефинитивно никој не го очекуваше: Ким Кардашијан тргнува по стапките на својот татко со надеж дека луѓето ќе ја сфатат посериозно – „Ќе станам адвокатка!“

Ким Кардашијан тврди дека има уште една улога во животот што треба да ја одигра и се надева дека луѓето ќе почнат да ја сфаќаат многу посериозно. Тоа е улогата на адвокат.

Ѕвездата на реално шоу, мајка, сопственичка на компанија и актерка во многу други познати и неславни улоги, по бурниот развод од раперот Кање Вест, во неодамнешното интервју за Vogue Hong Kong изјави:

– Сонувам да создадам успешна адвокатска канцеларија по примерот на татко ми Роберт Кардашијан, кој беше познат адвокат.

Таа објасни дека нејзиниот татко значително влијаел врз одлуката да тргне по неговите стапки и дека нема да се откаже.

– Дефинитивно ми влијаеше дружењето со татко ми во неговата канцеларија. Желбата да се занимавам со оваа работа со години ја носам во душата и многу сум горда што сега ќе ја реализирам.

Најнови вести