понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОВА Е ВТОРА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО – мајката на Михајловиќ едвај собра сили да застане пред ковчегот, а неговиот брат го донел овој детаљ дури од Србија!

ОВА Е ВТОРА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО – мајката на Михајловиќ едвај собра сили да застане пред ковчегот, а неговиот брат го донел овој детаљ дури од Србија!

Легендарниот фудбалер Синиша Михајловиќ ќе биде погребан денес во Рим, додека неговиот ковчег е изложен во општинската зграда каде сите ќе можат да му оддадат почит на прерано починатиот фудбалер.

Братот и мајката на легендата денес пристигнаа во Рим за последен пат да се простат од својот сакан син и брат.

Миха ќе биде погребан во Рим по желба на неговото семејство, сопругата Аријана, ќерките Вирџинија и Викторија, синовите Душан, Мирослав и Николас. Со семејството во Рим се братот Дражен и мајката Викторија, која беше видно потресена.

„Знам дека син ми е борец, но мислев дека веќе ја победил болеста и затоа ми е тешко“, рекла претходно за животната борба на нејзиниот син, а братот на Миха, Дражен, во солзи ја донел српската тробојка и ја ставил на ковчегот на брат му.

На ковчегот е и дресот на Синиша од Лацио. Оваа злобна болест со која Синиша се бори од 2019 година, му донесе уште една трагедија на семејството Михајловиќ, бидејќи од неа починал и неговиот татко Богдан. После тоа, Миха редовно го посетувал докторот. За жал, неговите стравови се остварија во 2019 година, кога му беше дијагностицирана леукемија.

Тој храбро се борел против неа, а почина во петокот, откако од понеделникот бил во кома.

„Татко ми почина од рак, па редовно се тестирав. Да не го правев тоа сега, немаше да покажам никакви симптоми една година. Никој од нас не треба да мисли дека сме неуништливи. Сите мислат дека нема да им се случи, но кога ќе се случи, тоа е страшен удар“, рече еднаш Синиша.

Покрај бројните пријатели, членови на семејството и обожаватели, во Рим беа присутни и навивачите на Лацио и Рома, кои заедно му оддадоа почит на играчот кој настапуваше за двата клуба.

Најнови вести