вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ова не е истиот човек: Нема да им поверувате на сопствените очи како изгледа денес детето од легендарниот филм „Монтевидео“ (ФОТО)

Ова не е истиот човек: Нема да им поверувате на сопствените очи како изгледа денес детето од легендарниот филм „Монтевидео“ (ФОТО)

Иако е се уште млад и има 23 години, Предраг Васиќ има тринаесет годишна актерска кариера, а гледачите го засакаа од филмот „Монтевидео“ и нема човек што не се сеќава на неговиот лик.

Актерот неодамна глумеше и во една популарна серија во Србија, а гледачите го обожуваа неговиот лик кој го паметат од одамна.

Неговото семејство пред една деценија ја продаде куќата во Гнилане и се пресели во Белград за да го поддржи во неговите актерски ангажмани.

FOTO: Nemanja Nikolić

-Поголемиот дел од тие пари, пошто се преселивме од Косово, па живеевме во две соби им ги давав на родителите за да ја реновираме куќата. Малку им помагав на нив, а малку си оставав за себе и за школување, не ги трошев многу парите, бидејќи не сум таков човек. Се сеќавам дека од тие хонорари си купив телефон, изјавил тој во една прилика за српски „Блиц“.

Во меѓувреме тој дипломираше на Факулетот за драмски уметности во Белград, а е љубител на спортот.

Во слободно време игра кошарка, фудбал и ФИФА.

Роден е 1997 година и се прослави со филмот „Монтевидео“.

Најнови вести