Додека јавноста е во исчекување на вечерашниот меч во полуфиналето на ракометната лига на шампиони, вардарци освен поддршката од целата нација која им е најважна, тие ќе добијат и мотивација од своите понежни половини.
Еден од многуте ракометари кој се гордее со својата понежна половина е нашиот ракометар Стојанче Стоилов кој веќе подолго време е во врска со струмичанката Катерина.
Минатогодишниот вардаров херој и хрватски репрезентативец Иван Чупиќ со неговата сопруга имаат две деца, ќеркичките Барбара и Ива.
Вардарецот неодамна во едно интервју кажа дека иако не носи прстен тоа не значи дека не е женет.
Инаку за потсетување, ракометарот во бизарна несреќа во 2008-та година остана без еден прст на својата лева рака.
Иако повеќето девојки на ракометарите не се занимаваат со спорт, сопругата на Дибиров на сите им е добро позната.
Станува збор за Ирина Дибирова која е тренер на ЖРК Вардар, а со ракометарот Тимур имаат две деца.
Хорхе Македа неодамна се зема со својата долгогодишна девојка, ракометарката Макарена Алигар.
Сепак ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, според многумина убедливо ја има најзгодната девојка која зрачи со сексапил и убавина. Парот неодамна објави фотографија од плажа на која убавата девојка на ракометарот е по танга.