вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Овие ѕвезди имаа проблеми со законот, а ретко кој знае за тоа: Погледнете за кого ФБИ собирале тајни информации! (ФОТО)

Овие ѕвезди имаа проблеми со законот, а ретко кој знае за тоа: Погледнете за кого ФБИ собирале тајни информации! (ФОТО)

Низ годините, ФБИ имаат собрано тајни информации за милиони луѓе ширум светот, а славните очигледно не се исклучок.

Многу актери, музичари и познати имиња во светот на шоу бизнисот биле „на мета“ на истражувањата на ФБИ поради сомнеж за криминал.

За овие ѕвезди со сигурност се знае дека имале досие:

Витни Хјустон

Поради турбулентната историја со дрога, големи суми на пари, бурни романси, како и анонимни писма, во ФБИ будно се следело нејзиното име.

Стив Џобс

Во 1991 година ФБИ направиле истражување на Џобс, кога постоела можност да се сретне со тогашниот претседател на САД.

Мерилин Монро

Со оглед на тоа што Мерилин била подвижна мистерија околу која постојано имало прашина и била поврзувана со значајни имиња, не е ни чудо што имала отворено досие.

Волт Дизни

Волт Дизни и ФБИ имале „комплицирана врска“ преку 30 години.

Чарли Чаплин

Чарли Чаплин имал прилично долго досие, кој од непознати причини бил воедно сметан за закана за националната безбедност.

Џон Ленон

Популарноста во ’60-тите му донела можност да биде „погласен“ и на тема политика, па поради активизмот на тоа поле во неколку наврати бил тема на тајни истражувања.

Мајкл Џексон

Сите сме сведоци на темната страна која го следеше со години, како и шпекулациите за секакви бизарни навики, па во овој случај не нè чуди информацијата дека постои ФБИ досие со негово име.

Најнови вести