недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФБИ предупредува на зголемена закана од напади врз САД поради војната на Блискиот Исток

ФБИ предупредува на зголемена закана од напади врз САД поради војната на Блискиот Исток

Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Кристофер Вреј денеска изјави дека во последните недели, се поголем број странски екстремистички организации повикале на напади врз САД и западните земји, сугерирајќи дека војната меѓу Хамас и Израел би можела да ги мотивира нападите.

Вреј истакна дека ФБИ во моментов не истражува „организирана закана“ за Америка, но оти безбедносните сили се загрижени дека војната на Блискиот Исток може да послужи како инспирација за поединци или мали групи да нападнат Американци.

Тој додаде дека ФБИ очекува кибер-напади против интересите и инфраструктурата на САД и дека заканата од други напади ќе се влоши со ширењето на конфликтот.