недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФБИ уби човек затоа што му се заканувал на Бајден

ФБИ уби човек затоа што му се заканувал на Бајден

Специјални агенти на ФБИ убија маж од Јута обвинет дека му се заканувал на американскиот претседател Џо Бајден за време на синоќешна рација само неколку часа пред американскиот претседател да пристигне во таа сојузна држава. Во рацијата е убиен Крег Робертсон, кој е обвинет дека упатувал закани кон американскиот претседател објавени на интернет пред неговата посета на Јута.

Претресот на домот на Робертсон во градот Прово, јужно од Солт Лејк Сити, во 6:15 часот по локално време резултирал со пукање, се вели во соопштението на ФБИ. Во септември, Робертсон објави онлајн повик за атентат на претседателот Бајден и потпретседателката Камала Харис, наведено е во судските документи.

Тој, исто така, упатил во понеделникот закани преку интернет до Бајден.Тој најавил дека планира да ја облече старата маскирна униформа и „да ја исчисти прашината од снајперската пушка М24“, потврдија официјални лица.