Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска на својот Инстаграм профил објави фотографија која веднаш стана вирален хит меѓу корисниците.
Имено, на фотографијата Весна е облечена во нуркачко одело и влегува во реката Вардар во Скопје.
„Овој пат на време се спремив“, напиша таа, сеќавајќи се на моментот кога нејзиниот автомобил минатата година падна во Вардар, па мораа да интервенираат и спасувачки екипи.