петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Памела Андерсон се разведува по петти пат

Памела Андерсон се разведува по петти пат

Ѕвездата на ТВ-серијата „Baywatch“, Памела Андерсон поднесе барање за развод од петтиот сопруг Ден Хејхарст со кого се венча пред една година, пишува магазинот Rolling Stone, повикувајќи се на блиски извори до парот.

Памела Андерсон и нејзиниот телохранител Ден Хејхарст се венчаа на Бадник во Ванкувер.

Од венчавката во 2021 година тие живееја во родната Канада. Андерсон моментално е во Малибу каде минува време со синовите Брендон и Дилан, кои ги доби во бракот со Томи Ли.

Претходно, актерката беше во брак со Томи Ли во 1995 година. Заедно ги добија двата сина, но се разведоа во 1998 година.

Памела потоа се омажи за Кид Рок во 2006 година, а за Рик Саломон беше мажена два пати, во 2007 година и во 2013 година. Бракот со Ден беше петта среќа за Памела.

Најнови вести