вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Папараците ја уловија вредната снаа: Иако е бремена идната невеста на Вељко Ражнатовиќ не мирува (ФОТО)

Папараците ја уловија вредната снаа: Иако е бремена идната невеста на Вељко Ражнатовиќ не мирува (ФОТО)

Идната снаа на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ, иако е во блажена состојба, не се штеди во првите месеци од бременоста.

Таа сè уште е вработена во фирмата на нејзините родители која се занимава со одгледување и продава свежи кокошки.

Богдана е многу трудоубива и станува рано наутро и сама завршува еден куп задолженија, а тимот на емисијата „Папарацо лов“, ја „фати“ додека рано наутро прва излегува од семејниот дом на Дедиње.

Инаку, Вељко и Богдана закажаа свадба на 24-ти ноември во еден хотел во Белград, а како што веќе пишувавме, младиот Ражнатовиќ планира на свадбата да ја носи воената униформа на покојниот татко Жељко Ражнатовиќ – Аркан, додека невестата треба да ја носи венчаницата на Цеца.

Фото:Принтскрин/Папарацо лов

Најнови вести