Милутин Мркоњиќ, почесен претседател на СПС и пратеник се наоѓа во болница каде дошло до нагло влошување на неговата здравствена состојба.
Партнерот на пејачката Ана Бекута во болница се наоѓа од почеток на месецов кога му бил вграден пејсмејкер.
Извор од Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ за Телеграф.рс изјавил дека сега неговата состојба е сериозна, но не и критична.
-Тој не е во критична состојба. Во моментов е неблагодарно да даваме било какви прогнози. На некого му станува лошо, па заздравува, кај некој се е добро, па се случува пресврт, вели изворот за Телеграф.рс.
Додава дека Мркоњиќ има проблеми со срцето и е нивен стар пациент.