Пејачката Емина Јаховиќ го прекина бракот со Мустафа Сандал, но многу брзо утеха најде во милијардерот Садетин Саран.
Два брака, врски со убавици, ќерка и огромно богатство, би можеле да стојат во биографијата на новото момче на Емина. Садетин е роден 1964 година во САД и има три помали браќа.
До дванаестата година живел во Америка, а потоа со семејството се преселил во Турција. После завршеното средно училиште, добил стипендија за универзитетот Кентаки. Работел во Министерството за култура и туризам на Република Турција и бил капитен на турскиот национален пливачки тим, со кој постигнал неколку рекорди.
Неговата компанија која постои од 1995 година работи во шест различни сектори, а ангажирани се и во странство, каде исто така има големи инвестции. Всушност, неговата телевизија С Спорт ТВ во која вложил околу 75 милиони евра денеска е многу влијателна, после само 1,5 година од основањето.
View this post on Instagram
Sağlam bir el sıkışma gibisi yoktur.. İyi haftalar .. Have a nice week..
Исто така Саран е сопственик на повеќе радио станици. Во неговата биографија стои дека е успешен менаџер на Фенербахче. Во бизнисот на Саран вклучени се околу 4.500 луѓе на кои им дава плата. Важен факт е дека компанијата на Саран е една од друштвено најодговорните компании и дека многу луѓе усреќиле со хуманитарни издвојувања, поради што во Турција многу го сакаат. Неговото богатсво се вбројува меѓу 15 водечки во светот.