На почетокот на овој месец српската пејачка и ќерка на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ објави дека е бремена по втор пат, а во исто време и позитивна на коронавирусот.
Тестот за корона го направила поради тоа што била бремена и поради бројните контакти кои ги имала во јуни, особено на прославата на роденденот на нејзиниот брат Михајло.
За жал пред неколку денови го изгубила бебето, пишуваат српските медиуми и за нив открива како се чувствува во моментов.
-Кога во обѕир ќе се земе се што поминав, добро сум. Секако се уште чувствувам последици од интервенцијата, но се ќе помине. Многу е важно дека после се успеав да го зачувам внатрешниот мир и дека се помирив со ситуацијата. Во сето ова ми помагаше семејството и пријателите, открива пејачката.
Таа вели дека на своја кожа ќе ја осети загубата по некое време.
View this post on Instagram
Jedan čovek i jedna žena …❤️ #mužižena #ljubav #zasvavremena❤️ #ildasaulic
Раскажува и како и било најтешко да и раскаже на својата ќерка за загубата.
-За сета среќа имам паметно за своите години дете. Секако секој што ќе и се јавеше на телефон и говореше дека ќе добие брат или сестра, а ова го прифати како неминовно. Таа инаку е таква по природа. Кога татко ми загина и говоревме дека тој е на пат, обидувајќи се на тој начин да ја поштедиме. Не знаевме како да и ја соопштиме вистината, а да она го разбере тоа и го прифати. Така во една прилика таа ни рече, мојот дедо не е на пат, тој е со ангелите, бевме во шок, но сфативме дека на неа не и треба да и се кријат работите, вели Илда.