четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Плаче и бара помош од Господ: Цеца два дена се моли во манастир за својата колешка

Плаче и бара помош од Господ: Цеца два дена се моли во манастир за својата колешка

Болеста против која се бори познатата композиторка Марина Туцаковиќ ја шокира и загрижи целата балканска јавност.

А една од блиските пријателки на Марина која овие денови се моли за нејзино оздравување е и Светлата Ражнатовиќ- Цеца.

Имено Цеца поминала два дена во еден манастир во Србија кој редовно го посетувала и во минатото, а за време на една миса таа побарала од еден монах да се чита молитва за Марина.

-Цеца често доаѓа во овој манастир, особено за верски празници, или кога и да почувствува самата таа. Овде таа го наоѓа својот духовен мир, а често и разговара со монасите, вели еден извор.

Инаку да потсетиме дека Марина во февруари годинава беше задржана на одделот за онкологија и радиологија во Белград каде што е оперирана и пратена во Германија на понатамошно лекување.

Најнови вести