сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По инцидентот на венчавката, на поранешниот сопруг на Бритни Спирс му e забрането да и се приближува

По инцидентот на венчавката, на поранешниот сопруг на Бритни Спирс му e забрането да и се приближува
ФОТО: Profimedia VALERIE MACON/AFP / TMZ/BACKGRID/Backgrid USA

Џејсон Александер, со кој пејачката Бритни Спирс беше накратко во брак во 2004 година, „заработи“ забрана за приближување кон неа и нејзиниот нов сопруг Сем Асгари.

Најпрво се обидел да упадне на нивната свадба и направил општа драма, а откако полицијата го повела со себе – бил обвинет за вандализам, упад во туѓ имот и нанесување повреди при инцидентот, јавуваат локалните медиуми.

Александар (40) не смее да им пријде поблиску од 100 метри, како и до нивниот дом во кој живеат во Лос Анџелес до истекот на забраната, што ќе биде на 17 јуни, пренесува „Е!Њуз“.

Да потсетиме, тој во обид да го измами обезбедувањето да го пушти на свадба, рекол дека „како бивш мора да присуствува на церемонијата“, извикал дека „таму нема никој освен Сем“, а потоа тој започнал физичка пресметка.

Најнови вести