Таткото на Меган Маркл , Томас, во интервју на телевизијата ИТВ побара помош од британската кралица Елизабета II.
Томас Маркл се надева дека кралицата ќе може да помогне за повторно да стапи во контакт со својата ќерка, сопруга на британскиот принц Хари.
,,Исклучително многу би ценел каков било ангажман на кралицата и мислам дека и таа би сакала да се решат семејните проблеми.” , вели Томас и додава:
,,Сите семејства , кралски и сите други еднакви се за време на празниците и треба да бидат заедно”, рече таткото и се пожали дека ќерка му Меган Маркл, војвотката од Сасек, не му испратила ниту божиќна честитка.
Кенсингтонската палата не ги коментираше изјавите на Томас Маркл.