четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По оваа изјава на Бритни Спирс нејзиниот менаџер даде отказ – 25-те години менаџирање за пејачката останаа во минатото

По оваа изјава на Бритни Спирс нејзиниот менаџер даде отказ – 25-те години менаџирање за пејачката останаа во минатото

Лери Рудолф, менаџерот на Бритни Спирс, поднесе оставка по 25-та година менаџирање за пејачката, откако таа пред судот изјави дека била принудена да настапи спротивно на нејзината волја.

Спирс моментално се бори против ставање крај на старателството на нејзиниот татко, кој управува со нејзиниот живот и финансии од 2008 година, пишува Би-Би-Си.

Оставката Рудолф ја доставил во писмена форма до таткото на пејачката, каде што напишал дека последен пат бил во комуникација со Бритни пред две и пол години, кога таа го известила дека сака да паузира од работата.

– Претходно денес, станав свесен дека Бритни ја изрази својата намера официјално да се пензионира. Како нејзин менаџер, верувам дека е во најдобар интерес на Бритни да се повлече од нејзиниот тим, бидејќи моите професионални услуги повеќе не се потребни – пишува Рудолф во писмото.

По сослушувањето на пејачката на суд во Лос Анџелес, донесена е одлука дека нејзиниот татко сè уште има контрола над нејзиниот живот.

Рудолф ја коментираше оваа одлука дека тој никогаш не бил дел од тимот на нејзините старатели или нејзиното работење и дека не бил запознаен со никакви детали, само што е неверојатно горд на она што го постигнале во текот на нивната кариера во овие 25 години.

Најнови вести