недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Победникот на „Ѕвездите на гранд“ ја отвори душата за својата тажна судбина: Мајка ми ми прати порака кога сакав да се откажам

Победникот на „Ѕвездите на гранд“ ја отвори душата за својата тажна судбина: Мајка ми ми прати порака кога сакав да се откажам

Победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“ Махир Мулалиќ во едно телевизиско гостување по победата откри каква порака му испратила мајка му пред да почине.

Тој раскажувајќи дека имал претчувство и истото и го кажал на Марија Шерифовиќ само неколку секунди пред Саша Поповиќ да го прогласи победникот, се осврна и на тоа дека сакал да се откаже од натпреварувањето.

-Мајка ми ми прати порака кога сакав да се откажам од се, „Само напред, и испрати ли снимка на Марија, дали зеде одело за следниот настап?“, цело време размислуваше за мене и во цело тоа лудило и бунило. Никогаш нема да престанам да давам се од себе за да не ја разочарам, вели тој.

Махир вели дека оваа победа и ја посветува токму на неговата мајка која почина во месец април.

-Сакам да е тука и заедно да се веселиме, но таква е судбината, вели тој.

Најнови вести