Барселона веќе подолг период минува низ бурен период, а во моментов никој не знае како ќе изгледа тимот следната сезона.
Клубот одлучи дека нов тренер на Барселона ќе биде Роналд Куман, кој веднаш започна да прави намалувања во тимот. Им порача на многу играчи дека не смета повеќе на нив, и тој веќе знае кој треба да биде столбот на тимот.
Еден од играчите кој дефинитивно ќе остане е Жерард Пике, иако не блеска премногу во претходните сезони. Куман му порача на Пике да остане, и дека тој ќе биде лидер во однос на одбраната, но и одговорен за добрата атмосфера.
Додека во Барселона има вистински хаос и се чека што ќе се случи со Меси од друга страна Пике навистина ужива. Тој е на Малдивите со своето семејство и се чини дека не се замара премногу со она што се случува во клубот во кој игра.
Пике вчера објави фотографија со семејството и откри дека е на Малдивите, што на навивачите не му се допадна и го критикуваа дека е толку далеку од Барселона, каде клубот во моментов е во вистински хаос.