Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда во „Беверли Хилс“, минатата година откри дека повторно има рак. Најновите информации се загрижувачки. Болеста напредува и е во терминална фаза.
Во последните денови, таа објави објава на Инстаграм која ги вознемири нејзините следбеници.
-Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете? – напиша актерката која, според блиски извори, секој ден е сѐ полошо.
Лошата вест ја потврди и извор близок до актерката, кој наведува дека Шенон е „подготвена да си замине“ и дека не се плаши од смртта.
-Човек се уморува од борба со ветерници. Така и се смачи да се бори со ракот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување е близу бидејќи наодите се доста лоши и воопшто не ветуваат, рекол пријател на семејството.