вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА МАЈКАТА НА ЦЕЦА: Ретко се појавува во јавност, но велат дека многу си личат (ФОТО)

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА МАЈКАТА НА ЦЕЦА: Ретко се појавува во јавност, но велат дека многу си личат (ФОТО)

Светлана Цеца Ражњатовиќ позната е, освен по сјајната кариера и популарноста, и по тоа што поседува цврст карактер и доста јани ставови што веројатно најмногу и должи на нејзината мајка.

Мајката на пејачката, Мира Величковиќ никогаш не се појавувала во јавноста, ниту давала изјави околу својата ќерка, но сепак за нејзе доста се знае. Цеца доста пати изјавувала дека ја ужува поддршката од своите родители, како од нејзината мајка така и од нејзиниот татко Слободан.

Иако многумина не знаат како изгледа мајката на популарната пејачка, она што е познато е дека Мира е наставничка во пензија и дека својата ќерка ја воспитувала доста строго, а нејзиниот татко бил трговец и машинобравар. Денеска тие не се само горди родители, туку и горди баба и дедо, како и пребаба и предедо откако се роди малиот Жељко. Јавноста имаше можност да ги види за време на венчавката на Вељко и Богдана, што е и една од ретките прилики.

-Велат дека штом сум се родила и заплакав мојот татко рекол „Се роди пејачка“. Кога проговорив, родителите ги викав по име, а мајками ја викав Мицо, се присеќава Цеца, која после 17 месеци ја добила и својата сестра Лидија. Иако ја уживала целата љубов на својата мајка, никогаш не криела дека израснала под строги правила кои ги применувала нејзината мајка Мира, пишува Пулс.

Најнови вести