петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Полна со емоции: Наташа Беквалац откри која песна најмногу ја сака и што НИКОГАШ не направила во кариерата

Полна со емоции: Наташа Беквалац откри која песна најмногу ја сака и што НИКОГАШ не направила во кариерата

Пејачката Наташа Беквалац, која на балканската јавна сцена е присутна повеќе од 20 години, откри дека не купува песни, туку дека тие се направени специјално за неа.

Авторите на сите песни, како што објасни таа, планирано и правеле песни во досегашната кариера водејќи се од нејзината енергија, чувства, желби и стил.

-Никогаш во животот не сум купила песна. Во смисла на: „Ах, колку добра песна“ па одам да ја купам. Отсекогаш ми се пишувале песни и мелодии и текстови, авторите знаеле дека песните се за мене, па тие песни се мои, објасни пејачката.

Наташа откри дека од нејзините песни таа најмногу ја сака „Поново“.

Слушнете ја нејзината омилена песна, која ја испеа со многу емоции на нејзиониот голем концерт:

Албумот „Стерео љубов“ на кој се наоѓа и оваа песна содржи многу хитови, а Наташа сега откри дали мисли дека ваков или сличен албум ќе и се повтори во кариерата.

-Па, мислам дека е многу тешко во денешно време бидејќи продукцијата е многу променета. Да го барав тоа сега, ќе беше ретро. Но, мислам дека кога песната е добра, може да се спакува во секое време и подготвувам многу добар албум. Сите се занесуваат и сакаат да бидат модерни, па понекогаш поминува, некогаш не, но генерално јас секогаш се трудев, особено сега на новиот албум, изјави Наташа.

Најнови вести