вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поранешниот играч на Вардар подготвува свадба – срцето и го освој на струмичанката Душица, еве каде ќе биде прославата ова лето (ФОТО)

Поранешниот играч на Вардар подготвува свадба – срцето и го освој на струмичанката Душица, еве каде ќе биде прославата ова лето (ФОТО)

Хрватскиот ракометен репрезентативец и поранешен играч на „Вардар“, Игор Карачиќ, во јуни ќе прави свадба со архитектката Душица Андоновска. Не е тајна дека лани, кога почна пандемијата, Игор ја побара за сопруга на романтичен начин. Свадбата е закажана и ќе биде летово во Мостар, открива Душица за „Репортер“.

Таа речиси никогаш не зборувала за приватниот живот и љубовта со ракометарот Карачиќ, кој сега игра за „Кјељце“, Полска. Првпат за „Репортер“ ја открива нивата љубовна приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Karacic (@igorkaracicc18)

На прашањето како одат подготовките за свадбата и дали ќе има една во Мостар, а друга во Струмица, вели: „Свадбата се подготвува и се надеваме дека нема да ни се променат плановите поради пандемијата. Ќе биде во јуни во Мостар и ќе правиме една свадба за да може нашите блиски да бидат во исто време присутни. Организацијата е голема, па некако избравме да организираме сè на едно место. Игор е од Мостар, ќе има повеќе гости, па затоа таму беше и природен избор“, открива Душица за „Репортер“. Таа вели дека венчаницата веќе ја избрала, па останува уште младоженецот да си избере костум, а сè друго е во финална фаза. Игор ја побара за сопруга точно пред една година во Скопје кога почна пандемијата.

„Мислам дека секој пар знае во кој правец му се движи врската, но дека ќе биде токму во овој период, воопшто не очекував. Беше почеток на пандемијата, не ни помислив дека во тој хаос би барал прстен, а подоцна дознав дека прстенот бил нарачан три месеци претходно, така што пандемијата не му ги наруши плановите“, открива Душица.

Нивната љубовна приказна почна во Скопје во времето кога Карачиќ играше за „Вардар“. Ама ретко кој знае дека тие двајца претходно биле другари и секојдевно се дружеле. Подоцна се вљубиле и еве ги денес заедно во Полска.

На прашањето што ја привлекло кај него, таа ни открива: „Неоспорно е дека ме привлече и со изгледот, но бидејќи доста долго бевме само другари, прво ме привлече карактерот. Мислам дека човек го сакаш за цел живот ако го запознаеш онаков каков што е навистина и ако се вљубиш во неговата личност. И тоа се случи кај нас. Обично луѓе се запознаваат бидејќи физички се привлекуваат, но кај нас беше обратно“, искрена е Душица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Karacic (@igorkaracicc18)

Во тоа време Игор ѝ беше миленик на јавноста. И денес кога ќе дојде во Скопје, медиумите објавуваат дека е тука. Не е тајна дека тој го привлекува вниманието на жените, ама архитектката Душица вели дека ни тогаш ни сега не ѝ пречела неговата популарност.

„Со оглед на тоа колку ние Македонците сме ракометни фанови, бев навикната луѓе постојано да доаѓаат за да се сликаат, жени да трчаат од сите страни, на улица да бараат автограми, дресови и ни тогаш ни сега не ми пречела таа негова популарност. Од денешна перспектива, кога ќе се навратам назад, мислам дека тоа што се познававме многу добро пред да бидеме во врска изгради еден искрен и квалитетен однос каков што имаме денес и од самиот почеток ни ја направи врската сериозна“, раскажува Андоновска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Karacic (@igorkaracicc18)

Пред да ја побара за сопруга и пред да замине за Полска, Игор потпиша за „Кјељце“ и требаше да си замине од „Вардар“ и од Скопје.

„Па, тој сè уште играше во ‘Вардар’ кога потпиша за ‘Кјељце’, така што имав време да се навикнам на идејата. Ми беше тешко на почетокот, но еднаш месечно доаѓав во Полска, а по само неколку месеци почна пандемијата, па и двајцата бевме заедно во Скопје за време на карантинот“, раскажува Душица како ја одржувале љубовната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Karacic (@igorkaracicc18)

За неа и за Игор, вели дека се мали деца во душата и слични еден на друг. На прашањето како ги надминуваат кавгите, вели: „Објективни сме кога грешиме и немаме страв од извини, така што нема држење лутина, попушта тој што ќе згреши“.

Таа ни откри дека за цело ова време таа му е поддршка на Игор и кога губи и кога победува.

Најнови вести