недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поранешниот телохранител на Анџелина и Бред откри зошто дал отказ по само 17 месеци – еве какви се ѕвездите приватно

Поранешниот телохранител на Анџелина и Бред откри зошто дал отказ по само 17 месеци – еве какви се ѕвездите приватно

Марк Билингам откри зошто за славната двојка работел само 17 месеци.

„Валканиот веш“ на поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит привлекува големо внимание кај светската јавност, а масло на огнот сега долеа и поранешниот телохранител.

Имено, телохранителот кој некогаш работел за Анџелина и Бред, Марк Билингем, дал отказ по 17 месеци работа, а неодамна откри и зошто.

-Кога ја напуштив војската во 2007-ма година, завршив како телохранител на познати личности како Анџелина Џоли, Бред Пит, Расел Кроу и Мајкл Кејн. Заработував многу добри пари – три пати повеќе од она што го заработував во војска. Мислам дека тоа беше повеќе од 10.000 фунти (околу 11.500 евра) месечно,  изјави еднаш Билингам за Дејли Мејл.

Тој период го памети како добар период од животот, но работното време не му дозволувало да помине доволно време со семејството.

-Зад затворени врати, познатите се само нормални луѓе. Се смеат и се шегуваат.  Отсекогаш биле полни со почит кон мене. Ако некогаш реков дека има безбедносна причина зошто не можам да направам нешто, тие никогаш не го доведуваа во прашање, ми веруваа 100 проценти, вели тој.

Сепак, тој го избра своето семејство.

-На нивните деца им станав како татковска фигура, ​​раскажал тој за соработката со поранешната брачна двојка Џоли-Пит.

„Немав приватен живот. Бев исцрпен. Мојот семеен живот не постоеше. На 17 месеци бев дома само шест недели. Едноставно беше премногу“, признава Билингам.

Најнови вести