петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

После долго време се огласи Северина: Сега е јасно дали се разведува од нејзиниот сопруг Игор Којиќ (ФОТО)

После долго време се огласи Северина: Сега е јасно дали се разведува од нејзиниот сопруг Игор Којиќ (ФОТО)

Популарната пејачка, Северина Којиќ (48) со емотивна порака му го честиташе роденденот на својот сопруг Игор Којиќ, и со тоа ги демантираше сите шпекулации околу нивната наводна разделба.

Имено, Игор денеска го прославува својот 33-ти роденден, а атрактивната пејачка на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија, на која двајцата се видно расположени, а во описот на истата таа му го честиташе роденденот и му посака убав ден.

-За ова прекрасно машко суштество, Игор Којиќ, среќна 33-ка. Среќно, љубов, напиша Северина на својот Инстаграм профил.

Иако претходно со месеци се шпекулираше дека парот се разведува, пејачката со ваквата објава ги демантираше ваквите натписи во медиумите.

Најнови вести