среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Позајмувала чекови, немала пари за цигари: Вака изгледале тешките денови за Ана Бекута, со години била потстанар кај овој славен пар

Позајмувала чекови, немала пари за цигари: Вака изгледале тешките денови за Ана Бекута, со години била потстанар кај овој славен пар

Пејачката Ана Бекута е сама откако неодамна почина нејзиниот долгогодишен емотивен партнер Милутин Мркоњиќ. Пред Мрка, таа беше во брак со Предраг Видовиќ, а своевремено за медиумите зборуваше за периодот кога живеела многу тешко.

-Иако тогаш мојата кариера беше на врвот, тешко дека би сакала да се вратам во тоа време. Се сеќавам дека плаќав кирија во изнајмен стан во Сењак, позајмував чекови, канистри со бензин, едвај купував цигари. Веројатно многумина мислат дека тогаш имав многу пари, но вистината е сосема поинаква. Сестра ми Милина беше без работа, помалата Добрила живееше од плата на медицинска сестра, татко ми тогаш беше тешко болен. Во мојот изнајмен стан примаше инфузија бидејќи немаше место во болницата. Набрзо не напушти – изјави Бекута пред неколку години.

Нејзиниот син Игор тогаш бил во војска, а таа живеела во стравови.

-Се плашев за сите нас и ми беше бескрајно тешко. Вешто ја потиснав ужасната грижа и стравот за син ми, кој со воен автомобил од Приштина до Прибој возеше без запалени светла. На сцената ништо не смееше да се забележи, а сите зависевме од мојата насмевка и од моите песни. Не би сакала да звучам како великомаченик затоа што знам дека на многумина им беше далеку потешко отколку на нас, но сепак ме боли што поединци веруваат во погрешна верзија на таа приказна, а тоа е што како фолк дива профитирав на некој начин од туѓа несреќа. Точно е дека не добив ниту кредит, ниту стан, ниту плац, ниту пензија, ниту здравствено осигурување. Само се борев за опстанок на моето семејство и многу сум горда на тоа, изјави тогаш пејачката.

Инаку, Ана живеела како потстанар во станот на Аца Илиќ и Билјана Јевтиќ.

-Кога Ана се разведе од Предраг живееше во стан со мене и Билјана, тоа беше во деведесетите. Имавме стан во Сењак и таа беше во него околу седум години, потоа застана на нозе и си купи стан. Тоа не беше однос на станоиздавач, туку пријателски. Не знам дали ја изгубила куќата со развод и дали тој и земал се, јас не се занимавав со тоа, тоа се нивни работи. И денес имаме добри односи со неа, а што се случи во Шабац не знам. Ги гледам Предраг и неговата сопруга на слава кај заеднички пријатели, а Ана не ме обвини што сум во добри односи со него, изјави пред неколку години Аца Илиќ.

 

Најнови вести