понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познатата новинарка се искапи во славната фонтана во Рим: Полицајците ја дочекаа со 450 евра казна (ВИДЕО)

Познатата новинарка се искапи во славната фонтана во Рим: Полицајците ја дочекаа со 450 евра казна (ВИДЕО)

Познатата италијанска новинарка, инаку родум од Шпанија, Аида Низар, при посетата на Рим направи инцидент, поради кој мораше да интервенира и полицијата.

Едно од најпознатите телевизиски лица во Шпанија и Италија, ви текот на кратката посета на Рим, меѓу бројните знаменитости во овој град избра да ја посети и славната фонтана Ди Треви и на крајот скокна во неа.

Не знаејќи дека влегувањето во фонтаната е забрането, Аида направи неколку фотографии и сними кратко видео. Набрзо стигна полицијата, која брзо го сопре моментот на слава на новинарката пред бројните туристи.

Аида се бранеше дека и било топло, но на лице место беше казнета со 450 евра казна.

Слично нешто се случи и во април кога претседателот на Рома, Џејмс Палота скокна во фонтаната затоа што неговиот тим од Лигата на шампионите ја исфрли Барселона.

И тој на лице место беше казнет со 450 евра, со тоа што наредниот ден донираше 230.000 евра за обнова на фонтаната на Пјаца дел Пополо, која дневно во Рим ја посетуваат над десетина илјади туристи.

Најнови вести