вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познатиот актер ја откри најболната тајна: Го прекинал секој контакт со својата мајка, а ова е причината

Познатиот актер ја откри најболната тајна: Го прекинал секој контакт со својата мајка, а ова е причината

Познатиот актер Метју Меконахи отворено говори за семејните несогласувања поради кои осум години речиси и да не говорел со својата мајка.

Во интервју со Хауард Стерн, водителот го прашал Метју за „големото предавство“ во периодот кога станал славен, а неговата мајка без негова дозвола разговарала со новинарите.

-Вклучуваш ТВ, а таа прави обиколка на твојата куќа во таблоидно шоу и покажува на креветот каде си ја изгубил невиноста. Дали престана да разговараш со својата мајка на неколку години, го прашал водителот.

-Осум години, потврди актерот кој ги промовира своите мемоари „Green Lights“, а во кои опишува како секуално е злоставуван.

Актерот открива дека се обидел да разговара со неа и да и објасни како се чувствува, но додава дека таа била залудена од неговата популарност за да може да му пружи мајчинска поддршка.

Меконахи открива дека проблемите се влошиле кога негов пријател му се јавил и му кажал дека мајка му разговара со новинарите.

-Разговарав со неа и после неколку дена завршивме во медиуми. И реков да не го споделува тоа дека е меѓу нас. Потоа ја видов во емисија како ја покажува куќата. „Тука го фатив со таа и таа, тука го видов како се тушира, знаете што правеше тука, ха ха ха“ им зборуваше на новинарите. Кога и се јавив да се соочам со неа, повторно ме разочара нејзината реакција. Ми кажа дека мислела дека нема да дознаам, објаснува Метју.

Тој додава дека тогаш ги прекинал контактите со мајка си.

-Стана друга личност. Но, никој не е совршен. И простив. Само морав да поставам некои граници и тоа беа напорни осум години во нашиот однос, но сега сме добри, заклучува актерот.

Најнови вести