петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПРАВИ ШТО САКА И Е ПОДМЛАДЕНА ЗА 20 ГОДИНИ – Колинда ослабена како никогаш досега, откри и зошто сегде е сама, „не сум веќе ранета волчица!“

ПРАВИ ШТО САКА И Е ПОДМЛАДЕНА ЗА 20 ГОДИНИ – Колинда ослабена како никогаш досега, откри и зошто сегде е сама, „не сум веќе ранета волчица!“

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ речиси постојано да е присутна во медиумите.

Последен пат беше во месец декември кога се појавуваше на Светското првенство во Катар од каде речиси сите светски медиуми објавуваа и ги следеа нејзините реакции.

Овој пат хрватските медиуми и направија интервју по низата фотографии кои ги објави таа на кои е сама, но и драстично ослабена и со променет помлад изглед на себе.

На прашањето како изгледа нејзиниот живот откако не е претседател, вели дека повеќе не е ранета волчица и дека сега е своја и праши што сака. Не е членка на ниту една партија и го прави тоа што навистина го сака, вели таа.

(Foto: Biljana Blivaj/Cropix)

Она што најмногу сите ги интересира беше зошто таа се појавува сама насекаде и каде е нејзиниот сопруг Јаков.

„Не сака тој ниту до ден денес да се експонира во јавноста. Не е личност која сака јавни настани, но кога мораше одлично го извршуваше тоа. Многу медиуми го молеа за интервјуа додека бев претседателка, но остана принципиелен и не се појави никаде“, раскажува отворено за својот сопруг Колинда.

Инаку на социјалните мрежи Колинда е се поактивна, а коментарите од следбениците и се само позитивни во врска со нејзиниот подмладен и ослабен изглед.

Најнови вести