Доаѓањето на сопругот на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ, кое беше најавено во ноември, може да и донесе големи проблеми, бидејќи тој има намера да се бори за старателство над нивните деца во Србија.
Од таа причина таа веќе ја подготвува својата одбрана и работи на тоа нејзиниот се уште законски сопруг да не успее во таа намера.
Ќе се борат децата да останат кај Тања во Србија и тука да го продолжат своето образование. Пејачката на почетокот на летото успеала да ги донесе момчињата во нивната земја, откако Душан минатата година без нејзино знаење ги однел во Австралија.
Сепак, Јованчевиќ нема намера да се предаде, туку се подготвува да дојде во Србија. Сега кога мерките во Австралија конечно се олабавија, тој се надева дека што поскоро ќе отпатува за Белград, што неодамна го најави за медиумите.
-Во Србија доаѓам со моите адвокати. Сигурно нема да се откажам од моите деца. Ќе се борам за нив. Ќе се борам за правда и вистина додека сум жив. Топката веќе се тркала. Тоа е бавен процес, но така оди, рече Душан.