Сопругата на Вељко Ражнатовиќ Богдана Родиќ а воедно и снаата на фолк пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца вчера влезе во деветтиот месец од бременоста.
По тој повод таа сподели и видео снимка со своите следбеници на Инстаграм.
Имено младата Богдана покажа како ужива во бременоста и дека истата не и претставува никаков проблем.
Таа насмеана и ведра се галеше со своето куче алудирајќи дека наскоро доаѓа наследникот кој ќе го носи името на покојниот нејзин свекор Жељко.