Медиумите во регионот со голем интерес ги следат сите случувањата околу свадбата на Петар Грашо и Хана Хуљиќ која се случи вчера.
По објавите на свадбените фотографии од младенците и многу детали околу прославата денеска хрватските медиуми пишуваат каде била вчера Данијела Мартиновиќ која со Грашо беше 24 години во љубовна врска.
Данијела присуствувала на свадба во Загреб каде ги забавувала гостите. Била облечена во црвен долг фустан кој ја истакнувал нејзината фигура. Според пишувањата на загреб.инфо таа била одлично расположена и насмеана, а за младите имала посебна порака.
-Танцувајте низ животот и да не ви е гајле, држете ритам и на никого не му давајте тоа да ви го украде, порачала Данијела со насмевка на лицето.
Петар (45) и Хана (31) која е ќерка на познатиот музичар Тончи Хуљиќ кој со години соработува со Грашо, наскоро ќе станат родители.