среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО РАЗВОДОТ – Бритни Спирс во шокантно издание и облека откако е сама, лесно е да се препознае во каква состојба е (ВИДЕО)

ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО РАЗВОДОТ – Бритни Спирс во шокантно издание и облека откако е сама, лесно е да се препознае во каква состојба е (ВИДЕО)

Американската пејачка Бритни Спирс првпат беше забележана во јавноста откако објави дека се разведува од сопругот Сем Асгари. Фотографиите ги објави Дејли Мејл.

Бритни Спирс влезе во објективите на папараците кога го напушти ресторанот Dave’s Hot Chicken во Калифорнија. На фотографиите и видеото, 41-годишната пејачка е „уловена“ облечена во бел предимензиониран џемпер со „спуштена“ раменица и кратки тексас шорцеви. Според очевидци, ѕвездата изгледала вознемирено кога го напуштила ресторанот во придружба на нејзините двајца телохранители.

На 16 август се дозна дека Бритни Спирс се разведува од Сем Асгари една година по венчавката. Според новинарите, една недела претходно Асгари и Бритни се степале поради гласините за нејзиното неверство. Потоа, тој се иселил од нивната заедничка куќа и поднел барање за развод. Медиумите објавија дека Спирс го пријавила нејзиниот сопруг за семејно насилство.

На 19 август, Бритни Спирс им се обрати на нејзините следбеници на социјалните мрежи признавајќи им дека сега ѝ е тешко да изразува емоции, бидејќи „секогаш морала да ги крие своите слабости“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Најнови вести