Во текот на вчерашниот ден (29.12.2020), земјотрес од јадчина 6.4 според Рихтер ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил пет километри југозападно од Петриња на длабочина од 11,5 километри.
Како што пренесуваат хрватските медиуми нема објект кој не е оштетен од земјотресот, а има и жртви.
Според МВР од Хрватска најмалку има седум починати, а шест лица се тешко повредени, а 20 полесно повредени.
Македонската актерка Јелена Јованова која живее во Загреб се огласи на својот Фејсбук истакнувајќи дека го почувствувала земјотресот и дека била страшно.
„Живи и здрави сме. Психички се оштетив за цел живот. Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре. Не можам на сите да ви пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа. Страшно и жално за оние кои останаат без своите најмили и без кров на глава. Чувајте се. Верувам дека ќе помине и ова ќе биде конечно добро“, напиша актерката.