понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пукање на настап на Александра Пријовиќ

Пукање на настап на Александра Пријовиќ

Пејачката Александра Пријовиќ имаше настап во Мостар, а како што пренесуваат босанските медиуми дошло до пукање во клубот во кој таа настапувала.

Имено, како што за медиумите потврдиле од босанското МВР, пукано е од пиштол, а полицијата извршила истрага на терен.

-Ситуацијата е под контрола, нема повредени од употреба на огнено оружје, изјавија за медиумите.

Инаку, во саботата во клубот „Хавана“ се одржа концертот на пејачката Александра Пријовиќ, а по инцидентот целиот клуб беше испразнет.

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели неколку снимки од настапот, но з пукотниците се уште се нема огласено.

Најнови вести