Пејачот Александар Цветковиќ, фронтменот на групата „Тропико бенд“ и пејачката Јована Пајиќ решија да стават точка на нивниот десетгодишен брак.
Пејачот познат како Сале Тропико сега проговори за медиумите и ги потврди гласините.
Тој прво ги потврди зборовите на Јована, а потоа откри дека разводот е нивна заедничка одлука.
-Како што кажа Јована, тоа е вистина и апсолутно нема место за никаков сензационалистички пристап, бидејќи целата оваа приказна и одлука е само наша, како што беше нашиот брак од самиот почеток. Согласно горенаведеното, поради мирот и нормалниот раст на нашите деца, во кои рамноправно ќе учествуваме во иднина, ова ќе биде мојата единствена изјава на оваа тема. Ви благодариме на разбирањето, изјави пејачот за медиумите.
Да потсетиме, Јована и се обрати на јавноста и ги потврди тврдењата дека се разведува.
-Вистина е дека јас и Саша донесовме одлука да ставиме крај на нашиот брак. Ќе останеме пријатели и ќе бидеме, како и досега, посветени на заедничкото одгледување на нашите деца. Разводот е во тек и поради мирното воспитување на нашите дечиња, барам медиумите да ни ја овозможат потребната приватност, изјави претходно Јована.
Тие беа во брак 10 години.