Рики Мартин и Џуан Јосеф се разведуваат по 6 години брак.
-Одлучивме да ставиме крај на нашиот брак во љубов, почит и достоинство кон нашите деца, почитувајќи го сето она што го доживеавме како пар низ годините, објави парот во изјава за медиумите.
Рики и Џуан ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рен, роден во 2019 година.
-Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска заснована на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг, соопштија тие.
Во 2008-ма година, Рики Мартин ги доби близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.