среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Роберт де Ниро откри која е мајката на неговото седмо дете: Објавено името и прва фотографија од бебето (ВИДЕО)

Роберт де Ниро откри која е мајката на неговото седмо дете: Објавено името и прва фотографија од бебето (ВИДЕО)

Познатиот актер Роберт де Ниро неодамна откри дека седмото дете го добил на 79 години.

Многумина беа изненадени од ова, а актерот призна дека го „планирале бебето“ и дека се пресреќни.

Сепак, сите се прашуваа која е мајката на неговото најмало дете, бидејќи актерот не зборуваше за љубовниот живот по разводот со сопругата Грејс Хајтауер, со која беше во брак 21 година.

Многумина претпоставуваа дека Де Ниро стана татко на детето со инструкторката за боречки вештини Тифани Чан, која ја запозна во 2015 година на снимањето на „Приправник“. Се шпекулираше дека таа е главната причина за неговиот развод, но тие не го коментираа тоа.

Пред неколку месеци парот беше фотографиран како излегува од ресторан насмеан, а на Тифани и се гледаше стомачето, па многумина заклучија дека таа е мајка на детето кое актерот неодамна го доби.

Оние што вака мислеа, беа во право.

Имено, Роберт де Ниро гостуваше во шоуто на CBS Morning и призна дека тој и Тифани имаат ќерка по име Џиа Вирџинија Чанде Ниро.

Актерот рекол и дека девојчето се родило во април, а во споменатата емисија била прикажана и фотографија од бебето.

Најнови вести