Смртта на пејачката Ксенија Пајчин речиси 12 години е вистинска мистерија.
На 16 март 2010 година манекенот Филип Каписода ја уби пејачката пукајќи и во главата, а потоа се самоуби и самиот, по ова извршено било и обдукција на двете тела, а резултатите од истите се кријат и до ден денес.
Во смртниот записник стои дека смртта на пејачката настапила помеѓу 14 и 16 часот кобниот ден и тоа само од една повреда нанесена од пиштол во пределот на челото од посредна близина. Сепак во текот на обдукцијата биле откриени и други видливи повреди на нејзиното тело, особено на рамото, подлактицата и надлактицата кои настанеле во различен период, но не влијаеле на нејзината смрт и настанокот на истите не се дефинирани.
-Токсиколошко –хемиските анализи утврдија дека Ксенија Пајчин во крвта имала 1,01 промил алкохол, додека во урината, желудникот и останатите органи анализата утврдила присуство на кокаин. Исто така обдукцијата на Филип Каписода кој ја уби Ксенија, а потоа и се самоуби покажала дека во неговата крв се наоѓало присуство на кокаин, открива соговорник за српските медиуми.
Инаку телото на пејачката во локва крв го пронашла токму нејзината мајка Љубица, додека со разговор со соседите дознала дека во текот на тој ден се слушало караница, а потоа и пукање.