Најпознатата српска старлета Станија ќе застане пред олтар. Српските медиуми пишуваат дека таа веќе пет месеци е во врска со бизнисмен со српско потекло кој работи и живее во Мајами.
Бизнисменот неодамна ја запросил, а се планира интимна венчавка во Америка и гала свадба на пролет во Белград.
Претходно, Станија беше во долгогодишна врска со помладиот од неа, манекен Марко Марковиќ. И кога сите очекуваа свадба, парот се раздели.
Другарка на Станија открива дека сегашното момче дошло неодамна во Србија за да ја запроси.
-Станија откачи за него. Се однесува како никогаш да не била заљубена. Се запознаа во Мајами преку заеднички пријател додека таа се уште беше во врска со Марко. Веднаш се родија симпатии, но не сакаше ништо да има со него, додека не ја заврши врската со Марко. Затоа допатува во Србија и раскина со него. Сфати дека со него нема иднина и не сакаше да го завлекува повеќе, открива другарката.
Старлетата не очекувала дека со новото момче брзо ќе застане пред олтар.
-Мислеше дека од новата романса нема да биде ништо сериозно, но тој летово дојде во Србија и ја изненади. Веднаш заминаа заедно на летување, беа во Хрватска, Италија, Словенија. Таму ја запроси, вели таа и додава дека Станија по враќањето ги запознала со мајката и братот.
Иако старлетата најавуваше дека ќе влезе во реалното шоу „Задруга 6“, каде е нејзиното поранешно момче Марко, новиот вереник наводно тоа и го забранил.
-Станија нема да влезе во „Задруга“ затоа што тоа не и го дозволува идниот маж. И рече дека нема потреба на тој начин дополнително да заработува, а особено не затоа што поранешното момче и е таму, открива нејзината пријателка.
Станија не сакала ниту да потврди, ниту да демантира, само рекла дека повеќе нема да зборува за приватниот живот.