Тања Савиќ ја потврди врската со 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ, кој сега се огласи на Инстаграм и сподели заедничка фотографија.
Згодниот пилот напиша:
„Моменти како овој“ – и додаде љубовен емотикон.
Инаку, нивната врска започна пред неколку месеци и не беше баш мирна, дури и веќе еднаш раскинаа.
Мухамед е родум од Бјелина, а живеел и во Германија, Белгија и Соединетите Американски Држави.
Пејачката набргу откако на сите им ја откри врската со Бешиќ, на социјалните мрежи објави специјална порака.
-Дали некогаш сте помислиле: „Леле, се молев за ова, а сега е тука и ми се случува“ – стои во приказната на Тања на Инстаграм.