Пејачката и мејк ап стилист, Зои Блаж, и нејзиниот сакан, ракометарот Тадеј Матијасиќ , по 7 години љубовна врска на далечина, успееа да опстојат и конечно вчера на 9 јули големата љубов да ја крунисаат со брак.
Невестата за свечениот чин носеше уникатнатни венчаници во крем и бела боја.
Тесниот фустан беше украсен со бисери, а долниот дел завршуваше во форма на бели ливчиња.
Во вториот дел од свадбената веселба, венчаницата Зои ја замени со едноставен краток фустан во бела боја, во комбинација со бели патики вокоии беше поудобно да се забавува до раните утрински часови.
Веселбата се одржа во парк ресторанот „Гиновци“ во близина на Крива Паланка.