Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска си ветија љубов до крајот на животот. Свадбата ја почнаа со веселба во домашна атмосфера со музика, па прекрасна црковна церемонија и матично, па до прослава во ресторан.
На социјалните мрежи беа споделени низа фотографии и видеа од свадбата. Меѓу присутните гости беа и Миа Костова и Елена Најдоски.
Ирина беше прекрасна невеста, носеше тесна бела креација со перја, која го истакнува нејзиното трудничко стомаче во ресторанот, а пред тоа блесна во уште една прекрасно креирана бела венчаница.
View this post on Instagram
Павле зрачеше со елеганција во црн костим. Павле ѝ пееше на нововенчаната сопруга, но исто така на свадбената веселба имаше и тапани без кои не би можела да помине традиционална македонска свадба.