недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се породи Сораја: Старлетата роди син, познато е и името на бебето

Се породи Сораја: Старлетата роди син, познато е и името на бебето

Старлетата Сораја Вучелиќ се породила во болница во Швајцарија. Таа родила момче на кого му го дала името Кан, јавуваат српските медиуми.

Породувањето на Сораја поминало без проблеми, а наследникот добил највисоки оценки од лекарите.

Новопечената мајка се чувствува одлично, а само мал број на блиски луѓе знаат дека пристигнало нејзиното прво дете.

– Сораја е пресреќна! Таа стана мајка и сега целиот нејзин свет е подреден на новата улога на родител. Таа е маѓепсана од своето бебе. Не го пушта синот. Се заљубила во него од првиот момент кога го видела, вели извор близок на Вучелиќ.

Иако се породила во Швајцарија, Сораја со семејството ќе живее во Русија.

– Во Цирих ја водеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Доаѓа рускиот пасош за бебетп и таму ќе биде нивната база. Ги затвори социјалните мрежи и сврте нов лист во животот, заклучува изворот.

Најнови вести