По десет години заеднички живот, поранешната Мис на Македонија Вера Мештеровиќ се разведува од нејзиниот сопруг, фудбалерот Игор Кралевски.
Веста за нивниот развод ја потврдија двајцата сопружници.
Бракоразводната постапка е започната. Вера заедно со двете деца, синот Андреј и ќерката Јована, се преселила од заедничкиот дом.