четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сека Алексиќ е единствената која има посебен спомен од Марина Туцаковиќ – целиот регион ќе рони солзи од тоа што и го оставила

Сека Алексиќ е единствената која има посебен спомен од Марина Туцаковиќ – целиот регион ќе рони солзи од тоа што и го оставила

Пејачката Сека Алексиќ со месеци наназад се посветува на своите нови песни и албум кој планира да го издаде на пролет за својот роденден.

Таа за српските медиуми вели дека на албумот ќе се најдат три песни кои ги пишувала Марина Туцаковиќ пред да почине, а едната ќе биде објавена идниот месец.

-Пред Нова година се очекува да излезе мојата нова песна, имам три такви кои ги напиша Туцаковиќ за мене. По неколкугодишна пауза повторно остваривме соработка, никој не пишува текстови како Марина, искрена е Алексиќ.

Таа додава дека тешко дека некој ќе ја замени Туцаковиќ.

-Марина од секогаш беше нешто посебно во мојата кариера, ги има напишано најголемите мои хитови, вели Сека.

Таа во интервјуто раскажува и дека за финансиите дома сметка води нејзиниот сопруг Вељко.

-Јас да водам сметка за финансиите, јас одамна би пропаднала, сопругот е задолжен за тоа, вели пејачката.

Најнови вести